Утрински Весник
Магазин

Некои намирници стануваат токсични ако се чуваат во фрижидер

Rs53k4400sa 3.jpg
Ss2

Секое домаќинство ја одржува храната свежа со чување во фрижидер. Сепак, некои намирници не треба да се оставаат во фрижидер поради можноста да станат токсични. Експертот за здравје на цревата, д-р Димпле Џангда откри на Инстаграм дека лук, кромид, ѓумбир и ориз не треба се чуваат во фрижидер.
Лук
Лукот може да мувлоса во фрижидер.
„Никогаш не го чувајте лукот во фрижидер бидејќи многу брзо почнува да мувлосува, а мувлата на лукот всушност е поврзана со рак“, вели Џангда и советува лукот да се чува на суво и темно место. „Лукот има ниска киселост, што го прави склон кон акумулација на бактеријата Clostridium botulinum, која е еден од виновниците за ботулизмот“, предупреди таа.
Кромид

Кромидот е растение кое е отпорнао на ниски температури. Експертот објаснува: “Кога ќе ставите кромид во фрижидер, скробот почнува да се претвора во шеќер и почнува да фаќа мувла. Многу луѓе ја прават оваа грешка. Ја сечат главата на кромидот, половина ја користат за готвење, а другата ја чуваат половина во фрижидер. Не правете го тоа“, апелираше таа.

300x250 (7)

Ѓумбир

Како и лукот и кромидот, ѓумбирот исто така е подложен на мувлосување. „Почнува да мувлосува многу брзо кога ќе го ставите во фрижидер, а тоа е поврзано со откажување на бубрезите и црниот дроб. Не го ставајте во фрижидер“, предупреди Џангда.

Ориз

Оризот може да се чува во фрижидер, но не подолго од 24 часа. Неварениот ориз може да содржи спори на Bacillus cereus, бактерија која може да предизвика труење со храна. Спорите можат да преживеат при готвење. Бактеријата Bacillus cereus најдобро се развива во температурен опсег од 4 до 48 степени Целзиусови. Во храната како оризот, бактериите можат да произведуваат токсини додека храната се лади, што доведува до симптоми како што се повраќање, дијареа и стомачни грчеви. Симптомите може да се појават неколку часа по јадење на расипан ориз, па затоа е неопходно веднаш да се побара лекарска помош. Иако смртта е ретка последица, таа не е исклучена. Bacillus cereus може да расте во различни намирници со скроб, од ориз до тестенини.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август