Утрински Весник
Спорт

ФИФА најави старо-ново правило околу задржувањето на топката во рацете на голманите

Gettyimages 1252047264 Scaled 1.jpg
Ss2

ФИФА се откажа од синиот картон, но ИФАБ (надлежен за правилата на играта) најави измена на постојното правило, односно казната, која судиите никогаш не ја применуваат. Имено, кога голманот ја држи топката подолго од шест секунди, поради задржување на времето, судијата мора да досуди индиректен удар за противничката екипа во шеснаесетникот. Тестирањето на ова старо-ново правило ќе започне следната сезона и голманите ќе можат да ја држат топката подолго од претходно, односно осум секунди. Но, кога ќе завршат трите секунди, судијата ќе ја крене раката и ќе почне да одбројува до пет. Голманот, доколку не се ослободи од топката на крајот од одбројувањето, ќе биде казнет во вид на корнер. Правилото прво ќе важи во пониските лиги. Ијан Максвел, извршен директор на Шкотската фудбалска асоцијација и член на одборот на директори на ИФАБ, ги објасни причините за воведувањето на ова правило: „Забележавме зголемен тренд на губење време за време на натпреварите, а тоа најчесто се случува кога топката е во рацете на голманот. Тешка ситуација што судиите ја решаваат според сегашните правила, затоа и го зголемуваме времето на осум секунди. Судијата ќе крене рака за да ги сигнализира последните пет секунди, за да бидат свесни играчите и гледачите. Ќе го оцениме ефектот и се надеваме дека ќе го зголемиме бројот на одиграни минути.“

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот е новиот тренер на „Енфилд“

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов