Утрински Весник
Свет

Напаѓач во Грузија уби пет лица, па се самоуби

Напаѓач во Грузија уби пет лица, па се самоуби

Неидентификуван грузиски државјанин уби пет лица, меѓу кои и еден полицаец, кога отвори оган од балкон на станбена зграда, а потоа се самоуби, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Грузија.

dobivaj vesti na viber

Сè уште не е познат мотивот за пукањето во градот Сагарехо, источно од главниот град Тбилиси, јавува „Ројтерс“.

„На местото на инцидентот има дополнителни полициски екипи, како и специјална единица на МВР, а по нивното пристигнување, пријавениот наводно извршил самоубиство со огнено оружје“, соопштуваат од Министерството.

 

Можете да прочитате

Иран нападна американска база, неколку американски авиони се оштетени

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари

Трамп: Ако победиме на изборите, ќе им платам на сите возрасни Американци по 5.000 долари