Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: 1,4 милијарди евра странски инвестиции, двојно повеќе од претходната влада 

85791b79 73fd b3b1 65dc cb13a24bb681.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите и за тоа колку инвестиции влегоа во последниот период, изјави:

„Видете, она кое што можам да го кажам е дека, ако се прави анализа, да речеме во последните две години, односно во овие 24-5 месеца откако оваа Влада е избрана, вкупното ниво на странски инвестиции е некаде околу милијарда и четиристотини милиони евра, отприлика округло. И сега, секогаш ми велат не се споредувај со претходно, но ние мораме да се споредиме и со претходната Влада, бидејќи ние сме Влада којашто ја победила претходната Влада, понудила нов концепт и е избрана од граѓаните и е таму каде што е, затоа мора да се споредуваме колку и да била лоша таа. Ако ги споредиме овие две години со првите две години тогаш кога немаше кризи, тогаш ќе стане збор за споредба помеѓу, отприлика една милијарда и четиристотини оваа Влада и околу седумстотини и педесет милиони коишто ги имаше претходната Влада. Бројките се јасни, разликата е огромна, без разлика дали тоа ќе го конвертираме како бројка виза-ви глава на жител или вкупна бројка, станува збор за озбилна разлика.


Вчера имавме почеток на една огромна инвестиција, половина милијарда долари. Сопственикот на таа инвестиција рече дека ќе ја дуплира таа инвестиција. Практично тоа не е прва и последна, продолжува и понатаму, тоа е Ветерниот парк којшто ќе се протега во општините Радовиш, Штип и Карбинци. Денеска пуштаме нов производен погон во „ВИК”, овде во Прилеп, продолжуваме и понатаму.

Така што Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори, ќе повторам и меѓународната заедница, односно странски инвеститори, но и домашни инвеститори, се разбира.”

Можете да прочитате

Уапсени 12 возачи за „безобѕирно управување возило“, 11 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол

Ќе се градат 1.248 нови станови, од нив 752 во Скопскиот Регион

Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими – објавени списоците