Утрински Весник
Свет

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа

20260706202850 big 730x400 67.webp.webp

На Куба почна постепена обнова во снабдувањето со електрична енергија по колапсот на националната електроенергетска мрежа, што предизвика нов прекин на струјата во земјата соочена со хроничен недостиг на електрична енергија, гориво и лекови.

Кубанскиот оператор на електроенергетската мрежа УНЕ синоќа соопшти дека приоритетно е обновено напојувањето за болниците и центрите за производство на храна, но дека до доцна попладне било можно да се задоволи само околу еден отсто од потребите за електрична енергија на главниот град Хавана. Причината за колапсот на мрежата засега не е соопштена.


Куба со месеци се соочува со повеќечасовни, а во последно време и повеќедневни прекини на струјата, што властите го поврзуваат со застарената електроенергетска инфраструктура и недостигот на гориво. Речиси две третини од земјата веќе беа без електрична енергија кога вчера дојде до целосен колапс на мрежата.

Ова е осми колапс на кубанската електроенергетска мрежа од октомври 2025 година и трет од почетокот на оваа година.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно годинава ги прекина испораките на гориво од Венецуела за Куба и изврши притисок врз Мексико да ги прекине испораките, со закана за воведување царини за државите кои ќе продолжат да ѝ испорачуваат нафта на оваа островска земја. Вашингтон тврди дека санкциите се насочени кон промена на власта на Куба, додека Хавана ги отфрла тие обвинувања и истакнува дека не претставува безбедносна закана за САД.

Можете да прочитате

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци

Анкара подготви десет луксузни Togg лимузини за Самитот на НАТО