Утрински Весник
Македонија

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта

Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Црн чад се издига над Скопје, пожар во кругот на Железара

Косово го затвори Генералниот конзулат во Струга

Цариниците спречија шверц на 200.000 евра на Табановце – парите скриени во торби, ранец и куфер