Утрински Весник
Македонија

Муцунски од Хелсингборг – Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западниот Балкан

2 image 2026 05 22 at 12.37.33.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска.

Пред почетокот на состанокот, министерот Муцунски истакна дека средбата претставува важна можност, речиси една година по Самитот во Хаг, „да се види тоа што е постигнато од Хаг, но и во светло на претстојниот многу важен самит во Анкара”.


Тој нагласи дека во фокусот на разговорите ќе бидат инвестициите во одбраната, развојот на одбранбените индустрии и континуираната поддршка за Украина, посочувајќи дека „ќе дискутираме за многу посветената поддршка што ја обезбедивме како сојуз за Украина и какви се нашите планови понатаму”.

Министерот Муцунски додаде дека состојбите на Блискиот Исток, но и Западниот Балкан, неизбежно ќе бидат дел од дискусиите, при што посочи дека Западниот Балкан останува „област во Европа каде што постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици”.

Воедно, тој нагласи дека „НАТО е сојуз кој станува сè посилен благодарение на нашата посветеност на 5% трошење за одбрана”, оценувајќи дека состанокот ќе биде можност да се разговара и за предизвиците, но и за можностите пред Алијансата.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

Идентификувана четвртата жртва од синоќешната сообраќајка

МЖСПП: Поддршка за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола