Утрински Весник
Македонија

Во табла јајца сакала да внесе дрога во затвор, ОЈО бара куќен притвор за 25годишна жена

Obvinitelstvo 1.jpeg

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот.


Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно вкупно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин.

Имајќи ја предвид тежината на делото и ризикот од бегство и од повторување на делото, но и фактот дека осомничената е мајка на малолетни деца, од кои едно 5-месечно бебе, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

Можете да прочитате

Идентификувана четвртата жртва од синоќешната сообраќајка

МЖСПП: Поддршка за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола

Муцунски од Хелсингборг – Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западниот Балкан