Утрински Весник
Македонија

Му се закануваше на Заев, му се заблагодаруваше на Палчо, кој е Жарко од Христијанско Братство?

Image 248853.jpg

Македонија е згрозена од уште едно свирепо убиство заради користољубие на повозрасен жител на Охрид.

За свирепото убиство осомничен и веќе уапсен е Жарко Грозданоски од Брвеница, лидер на таканареченото Христијанско Братство.


Освен по протестите и националистичката реторика, Грозданоски во јавноста стана познат и по јавните закани кон тогашниот премиер Зоран Заев.

Во видео објавено на социјалните мрежи во 2019 година Грозданоски вели дека “три пати го имал во рака Заев“ и го повика премиерот да престане со апсењето членови на Христијанско братство.

Ако се погледне профилот на Гроздановски на Фејсбук, ќе се види дека тој имал позитивно мислење за Љупчо Палевски Палчо неправосилно осуден на доживотен затвор за убиството на малата Вања и пензионерот Панче.

Палевски го споменувал Христијанско братство и лидерот Жарко Грозданоски кога зборувал дека членови на оваа организација наводно биле следени од безбедносниот апарат и безбедносните структури во државата, во операцијата „Атлантик“.

Тоа предизвикало и реакција од Жарко.

„Само да ги поздравам душманите и предавниците! Се додека не има нас патриотите и родољубите, Македонија ќе живее. Да живее Република Македонија! Огромен поздрав до Палчо, напишал Жарко Грозданоски на 9 јули 2020 година.

Како што објавија локалните медиуми, Грозданоски осомничен за убиството на Митрески имал мотив – користољубие, затоа што сакал побрзо да го наследи имотот што убиениот Климе го имал во стариот дел на Охрид, вреден 1 милион евра, вклучително и угостителскиот објект „Климентов конак“.

Имено, тој претходно потпишал договор за доживотна издршка со сега веќе убиениот Климе, кој пак претходни ги известил своите деца дека прекинува секоја комуникација со нив.

Можете да прочитате

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ ВИКЕНДОВ: Северен ветер и врнежи од дожд и снег

Детали за убиството во Охрид: Старецот бил задавен со голи раце

Дончиќ: Силна поддршка од СДП Хрватска за СДСМ и Филипче