Утрински Весник
Македонија

Момче загина во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Uzp8q Lenta Policija.jpg

Дваесет и едногодишен прилепчанец загина во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Прилеп-Битола на излез од Прилеп.

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за сообраќајката поради која вчера попладне беше затворен за сообраќај овој патен правец.

Сообраќајката се случила меѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки таблички, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски таблички управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен.

Возачот на товарното возило и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

Можете да прочитате

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката

Вечерва во 02.32, минута молк пред „Пулс“