Утрински Весник
Македонија

МО: Реакција на прес-конференцијата на Александар Насковски, НСПВ СО

Министерството за одбрана го поздравува и поддржува синдикалното здружување кое има за цел остварување на интересите на работниците.

Во врска со наводите изнесени на денешната прес-конференција ве информираме дека во мај 2023 претседателот на Мултиетничкиот синдикат за образование го информира МО дека Александар Насковски е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација Независен синдикат на професионални војници – подружница на Мултиетничкиот синдикат за образование. Во ноември Министерството за одбрана е информирано дека нов претседател на овој синдикат е Зоран Павловски.

Во меѓувреме со допис сме информирани дека Александар Насковски формира нов синдикат МЕС и во рамките на тој, нова подружница со исто име како и претходниот синдикат и  пријавува нова жиро сметка за истоимена синдикална организација како нов правен субјект.

Ваквата недоречена ситуација создала несигурност и сомнежи кај службениците чија одговорност е исплаќањето кои се обратиле до двата синдиката со барање да го потврдат членството. По ова, претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, подружница на МЕСО, Зоран Павловски доставува список на членови и потврдува дека тие и понатаму се членови на тој синдикат, додека Александар Насковски сè уште нема доставено потврден список на членството.

Во интерес на заштита на вработените, Министерството ќе исплати членарина на оној правен субјект на кој членовите со пристапници ќе се изјаснат дека припаѓаат.

Во пресрет на потпишувањето на новиот Колективен договор и во интерес на вработените во Министерството и Армијата, министерката Петровска повикува на обединување на петте синдикати, со што ќе се покаже дека интересите на вработените се пред сè.

Министерката Петровска одржува редовен дијалог со сите регистрирани синдикати со кои се решаваат сите прашања и ниту едно прашање не било игнорирано, напротив на сите е одговорено.

Можете да прочитате

Државниот обвинител Коцевски на средба со евроамбасадорот Гир

Бојмацалиев на средба со СВР Тетово: Ја гарантираме безбедноста за секој граѓанин да може да го оствари правото на глас

Внимание: Дали е вистина дека во престапна година не се прават венчавки и свадба