Утрински Весник
Свет

Мишел Обама призна дека користела „ќотек“ како воспитна мерка

Mishel obama vreme e osum godini bea dosta 248342.jpg

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама во својот поткаст говореше за чувствителен период од животот како родител – физичкото казнување на ќерките. Притоа, вели, со текот на времето – кога сфатила „какво е чувството“, т.е. како боли тоа, го променила пристапот. И, иако веќе не се согласува со потплеснувањето, сепак нагласи дека поставување јасни граници е важно во воспитувањето.

MK Summit

– Се почувствував глупаво. Потребни беа неколку потплеснувања по задникот за да сфатам дека не сакам веќе да го правам тоа. Си помислив: Ова е мало дете, објасни Обама.


Мишел, која има две ќерки со поранешниот претседател Барак Обама – Малија (26) и Саша (23), сепак, жали за „времињата кога имало построги и појасни правила“ во воспитувањето. Таа нагласи дека не ги осудува другите родители, туку едноставно го споделува сопственото искуство и како нејзиниот пристап се менувал низ годините.

– Сепак, не го споделувам целосно пристапот на тн. „модерно родителство“. Би сакала да вратиме некои од вредностите што ги имавме тогаш, додаде таа.

Позната по својата посветеност и искреност околу мајчинството, Мишел призна и колку е тешко да се најде рамнотежа во воспитувањето деца денес.

Родителите денес премногу се плашат да постават граница. И мислам дека тоа е еден од предизвиците со коишто се соочуваме во денешнината… Никој не е совршен. Целта е да ги научите, промените и да им го дадете најдоброто што можете на вашите деца, заклучи Обама.

Можете да прочитате

Ако останете без гориво или струја на автопат во Германија, ве чека голема казна

Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп