Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кран со арматура загрозува животи на случајни минувачи

Retro eglenceli kadin konusma kartvizit 9.jpg

Во срцето на Скопје, на Сервисна улица во близина на болницата „Жан Митрев“, е снимен момент кој предизвикува сериозна загриженост. На видеото се гледа како при пренесување на товар арматури со кран – без соодветно обезбедување на локацијата – се загрозува животот и здравјето на минувачите.

Граѓаните кои се движат покрај градилиштето буквално поминуваат под масивниот товар, без никаква заштитна ограда, предупредување или надзор. Една грешка или технички пропуст би можел да резултира со трагични последици.


Станува збор за флагрантно прекршување на основните безбедносни стандарди на градилиште во урбана зона. Одговорноста за безбедноста на граѓаните е обврска на изведувачите, но и на државните институции кои треба да вршат надзор.

Граѓаните бараат итна реакција и инспекциски надзор пред да се случи несреќа – за која потоа сите ќе се прашуваат дали можела да се спречи.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова