Утрински Весник
Македонија

Министерот Спасовски на средба со раководството на СВР Скопје

Министерот Спасовски на средба со раководството на СВР Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со раководството на СВР Скопје, како најкомплексен Сектор на подрачјето на целата држава, кој се карактеризира со најголем обем и сложеност во работните задачи. Тој беше информиран за безбедносната состојба на подрачјето на СВР Скопје, состојбите со криминалитетот, како и активностите што ги презема Секторот во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста во градот и заштита на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

На средбата министерот Спасовски напомена дека во периодот јануари-октомври 2022 година, во споредба со истиот период минатата година, евидентно е намалувањето на севкупниот број кривични дела за 10 %, а забележано е зголемување на ефикасноста во расчистувањето на кривичните дела од областа на економскиот криминал за 11,1 %.

„Зголемување за 6,52 % бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби. Со посебно задоволство ќе споменам дека во борбата против нелегалната трговија со дрога СВР Скопје минатата година може да се пофали со заплена од рекордни 215 кг марихуана, а годинава дури 1,5 кг кокаин“, истакна Спасовски.

Од раководството на СВР Скопје министерот беше информиран дека безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Скопје е на задоволително ниво, што е особено важно за сите граѓани во еден милионски град како што е градот Скопје, кој претставува и главен административен, деловен и образовен центар.

Спасовски потенцира дека во однос на состојбата со јавниот ред и мир, во 2022 година, во споредба со деветте месеци од претходната година, евидентирано е намалување на овој вид прекршоци за 44,7 %, особено во делот на физичките напади и предизвикување или поттикнување тепачка. Драстично подобрување на статистиките на подрачјето на СВР Скопје се бележи и во поглед на сообраќајот, односно сообраќајните незгоди и последиците од нив.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“