Утрински Весник
Спорт

Милевски: Финска и Азербејџан се одлични тестови пред квалификациите за ЕВРО 2024

Милевски: Финска и Азербејџан се одлични тестови пред квалификациите за ЕВРО 2024

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, и капитенот Стефан Ристовски на официјална прес-конференција зборуваа за очекувањата од натпреварот против Финска кој ќе го одиграме утре на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Лигата на нации е зад нас. Сега нè очекуваат два натпревари, против Финска и Азербејџан, како генерална проба пред квалификациските натпревари во март. Секако ќе пробаме различни варијанти кои ќе ни бидат во функција за сето она што нè очекува на квалификациските мечеви. Не случајно инсистирав да играме со квалитетни противници, Финска е супер тим, неслучајно се во вториот барабан за групите од европските квалификации. Натпреварот ќе ни покаже или ќе ни даде насока и правец што би требало да се промени или да се задржи за она што нè очекува и во групната фаза. Знаете дека имаме квалитетна група и затоа ни се потребни овие контроли со квалитетни противници. Ќе има некои промени, особено што последните мечеви ни дадоа некои насоки, посебно во реализацијата дека треба да се подобриме. На тој момент не бев задоволени се надевам во иднина ќе го промениме тој сегмент“, изјави селекторот Милевски.

Капитенот Стефан Ристовски очекува добра игра и победи на двата пријателски натпревари.

„Дали чувствуваме замор од сезоната? Да, особено јас во Динамо имав многу натпревари почнувајќи од јуни. Но, можеби за некои играчи кои имаат слаба минутажа ќе дојдат добро. Не треба да бараме алиби, треба сите да сонуваат да играат за репрезентацијата која е светост. Овие два натпревари треба да ги одработиме на најпрофесионален начин и верувам дека тоа ќе го направиме. Приоритет на секој играч е да се победи, особено кога се игра за репрезентацијата. Не познавам некој играч кој сака само да впише минутажа. Без разлика на минатите резултати, секој меч ни е добродојден и низ вакви натпревари да се крене самодовербата. Многу е лесно да се изгуби самодоверба, но тешко е да ја добиеш. Затоа се потребни вакви натпревари“, истакна Ристовски.

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата