Утрински Весник
Македонија

Спасовски-Аџиќ: Во фокусот подобрување на соработката во делот на организираниот криминал

Спасовски-Аџиќ: Во фокусот подобрување на соработката во делот на организираниот криминал
Ss2

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа билатерална средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, откако заврши Министерската конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан, во соорганизација на ИОМ и МВР на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Соработката меѓу Министерството за внатрешни работа на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Црна Гора се оценува како плодна, отворена и сето тоа е резултат на добрите односи кои постојат меѓу двете земји. Интерес на МВР на Република Северна Македонија е унапредување и продлабочување на билатералната и оперативната меѓународна соработка со МВР на Црна Гора, изразена, меѓу другото преку заложбите за подобрување и развивање на регионалната соработка, особено на полето на организираниот криминал, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, но и заедничкото учество во Регионалните иницијативи”, истакна Спасовски.

300x250 (7)

Денешната средба беше искористена за разговор за тековните предизвици, како што е управување со миграциите, за размена на искуствата во однос на европските интеграции, борбата против организираниот криминал и генерално за зајакнување на регионалната соработка.

Од страна на министерот Аџиќ беше истакнато значењето на соработката помеѓу полициите на двете земји кои со заеднички акции и ефикасна работа на криминалистичките тимови, успешно реализираат активности во борбата против меѓународниот организиран криминал, па во таа насока беше изразена подготвеност за унапредување на истата, а посебно беше истакната неодамна спроведените полициски активности по повод Ден на заедничка акција за Југоисточна Европа (SEE JAD), со која се остварени значителни резултати, како на Црна Гора, така и на земјите од регинот и државите од ЕУ, а чиј учесник беше и полицијата на Република Северна Македонија.

Министерот Аџиќ му честиташе на министерот Спасовски за неодамнешното отворање на преговорите со ЕУ, при што беше изразена подготвеност за помош на македонската страна, со оглед на досегашното искуство на Црна Гора во тој процес, како и надеж дека преговорите успешно ќе завршат во разумен рок. Од црногорската страна беше истакнато дека Црна Гора во 2013 година ги почна преговорите со ЕУ за поглавјата 23 и 24 и до денеска се спроведени голем број реформи, со значајни резултати во владеењето на правото, а во тој контекст беше потенцирано дека моментално Црна Гора е најнапредна земја во регионот во преговарачкиот процес, со сите отворени поглавја и привремено затворени преговори во 3 поглавја.

Ss1

Можете да прочитате

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Северна Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови