Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!

Ldp logo.png

Соопптение за јавност на ЛДП:

За да преживее семејство со минимални трошоци со т.н. синдикална кошница за октомври се пробија историски рекорди кои достигнаа 70.358 денари, а за семејствата што живеат под кирија трошоците за гол опстанок се искачија на застрашувачки 85.733 денари! Додека Владата секојдневно дефилира со соопштенија за „рекорден раст на економијата” и наводно подобрена куповна моќ, реалноста зад затворените врати на македонските домаќинства е сурова преживувачка. Се соочуваме со рекорден раст на трошоците а не на економијата! Прашањето е едноставно и боли: колку семејства денес во Македонија можат да го поминат месецот без да влезат во нов брз кредит, без да се одречат од основни потреби или без да молат за помош од родители и пријатели


Посебно е иритирачки што владината потрошувачка кошничка и синдикалната пресметка се разликуваат за нереални 10.200 денари. За премиерот и министрите тоа е само прашање на сува методологија и бројки на хартија, но за обичниот човек тоа се 10.000 денари помалку за храна, лекови, сметки и основни потреби што драматично недостигаат на крајот од месецот. Економската успешност не може да се мери со непоткрепени владини математики, додека граѓаните секој ден ја мерат реалноста преку шокантните цени во маркетите и празните банкарски сметки.

Џабе се повикува власта на проценти за раст на платите и ублажена инфлација, кога суштинскиот одговор го знае секој граѓанин: трошоците растат побрзо од платите и тие не се доволни за достоинствен живот. На Македонија не ѝ требаат оптимистички прес-конференции и економски бајки, туку итни и конкретни решенија — реален раст на минималната плата, вистинска заштита од ценовните шокови таргетирано за македонските граѓани и замрзнување на маржите за да се сопре дивеењето во продавниците. Нашите предложени таргетирани мерки се одбиваат иако се имаат покажани успешни во други земји. Ребалансот на буџетот кој Владата го достави до Собранието ниту дава краткорочни ниту долгорочни решенија, напротив покажува немање капацитет за справување со сериозните ризици.

Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува дека нема потреба Владата да се самозалажува со сопствените розеви пресметки. Животниот стандард не се крева со раскажување приказни од владината книга за бајки, туку со реални пари што на крајот од денот мора да останат во џебот на граѓаните!

Можете да прочитате

СДСМ: Пет години Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Удар по џебот, распродажба на јавниот имот, непотизам и скандали!

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

По години запоставување, здравството влегува во нов инвестициски циклус