Утрински Весник
Спорт

Милер со доминантна победа во Јапонија, Бањаја излета во последниот круг!

Милер со доминантна победа во Јапонија, Бањаја излета во последниот круг!
300x250 (7)

Австралиецот Џек Милер триумфираше на Јапонското ГП, иако трката за неговиот италијански тим, Дукати заврши со разочарување, откако конкурентот за светската титула, Франческо „Пеко“ Бањаја излета во последниот круг во обид да го претекне лидерот во генерален пласман и актуелен шампион, Фабио Квартараро.

dobivaj vesti na viber

Марк Маркез, кој стартуваше на пол-позицијата првпат по три години, имаше солиден старт, но дозволи Бред Биндер да го помине на првата кривина. Веднаш потоа, Хорхе Мартин успеа да ги помиен двајцата и да стане лидер по крајот на првиот круг. Зад нив, Квартараро и Бањаја беа во иректна битка за пласман, а Џек Милер со нзиа претекнувања дојде до првото место и ривалите немаа одговор за брзината на фабричкото Дукати.

На три круга пред крајот, најважната битка беше за осмото место, во кое Бањаја беше веднаш зад Квартараро, за во последниот круг, Италијанецот да излета од патеката и да дозволи Квартараро да го заддржи првото место во генерален пласман со 18 поени разлика.

На крајот, на подиумот покрај Милер беше Биндер на второто место и Мартин на третото, додека Маркез со претекнување на два круга пред крајот го победи Мигуел Оливеира за четвртото место.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал