Утрински Весник
Свет

Лавров: Америка сака да ја уништи Русија, сакаат целиот свет да го претворат во свој двор

Лавров: Америка сака да ја уништи Русија, сакаат целиот свет да го претворат во свој двор
300x250 (7)

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обрати пред Генералното собрание на ОН и во својот говор истакна дека САД и нивните сојузници сакаат да ја уништат неговата земја, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Официјалната русофобија на Запад е без преседан. Пропорциите се гротескни. Тие не се двоумат да ја објават својата намера да ѝ нанесат не само воен пораз на нашата земја, туку и да ја уништат и разбијат Русија“, рече Лавров.

300x250 (7)

Соединетите Американски Држави, рече тој, ја прошируваат доктрината на Монро – нејзината декларација од 19 век за Латинска Америка како своја ексклузивна сфера на влијание – и „се обидуваат да го претворат целиот свет во свој двор“.

„Откако се прогласи за победник во Студената војна, Вашингтон се издигна речиси во Божји емисар на Земјата, без никакви други обврски освен светото право да дејствува неказнето каде и да сака“, рече тој.

Тој, исто така, ги бранеше референдумите одржани во петокот во деловите на Украина окупирани од Русија, тврдејќи дека станува збор за луѓе кои бараат земја „каде што нивните предци живееле стотици години. Западот сега е лут поради референдумите“.

Американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери ветија дека никогаш нема да ги прифатат резултатите од „лажните“ референдуми, сметајќи ги како дел од напорите за насилна промена на границите.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња