Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ не кажува дали има трајно уништени документи од архивата – дали прикриваат нечиј криминал

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ не кажува дали има трајно уништени документи од архивата – дали прикриваат нечиј криминал

Министерството за земјоделство водостопанство и шумарство премолчи и пак не кажа колкав дел од архивата е достапен после наводниот хакерски напад, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според нив, министерството и министерот Љупчо Николовски молчат и кријат дека проблемот е далеку поголем.

„Тие не демантираа дека се недостапни голем дел од документите од архивата, како на пример електронски податоци од фарм регистарот, регистри за откупувачи за вино, за земјоделските задруги, за органско производство, преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, вклучително и листа на должници. Ова се важни документи, за кои Министерството не кажува дали се зачувани или изгубени во целост или делумно“, се потенцира во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

Нејасните и нецелосни одговори на министерството, како што посочуваат од оваа партија, отвораат сомнежи и прашања.

„Дали наводниот сајбер напад трајно уништил документи и податоци? Колкава штета ќе имаат земјоделците од ваквата хаварија? Дали од ваквата хаварија некој има ќар бидејќи на тој начин се прикривани злоупотреби и криминали?“, прашуваат од партијата на Мицкоски.

„Антимакедонската СДС се што фати запусти. Тоа мора да престане. За сите дубари на власта на СДС мора да има одговорност“, се наведува во нивното соопштение.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните