Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

Monika zajkova sobranie 1.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат” работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.


„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава.

Можете да прочитате

Институциите да престанат со декларативни осуди и да почнат со превенција и заштита на жртвите од родово базирано насилство

„Разговори за иднината“: Политичката корупција да не застарува и да се проверува имотот на функционерите

Сведоштво на мајката на претепаната девојка од Охрид: „Напаѓачот мислел дека ќерка ми е мртва, барал помош од татко му за да се ослободи од телото“