Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Македонија и регионот предолго беа заложници на минатото, времето на свиткани кичми заврши, време е да градиме иднина

Hristijan1 11072024.jpg

Заврши уште еден работен ден на НАТО Самитот кој што се одржува по повод 75 години од формирање на Алијансата.

Македонската делегација ја предводам јас и можам да кажам дека поминавме еден навистина динамичен ден, исполнет со многу состаноци и средби кои што ги имавме на маргините на НАТО Самитот.

Денеска разговаравме со црногорскиот премиер, зборувавме со хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, нормално тука би ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Мелони, со шпанскиот премиер Санчез кој што беше заедно со мене, би рекол до мене на вечерата која што ја организираше претседателот на САД Бајден, неговата сопруга Џил Бајден. Од она кое што исто така може да го издвојам се средбите со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер.

Можам да кажам дека испратив неколку пораки од кои што најважната е дека долго време регионот и Македонија како држава беа заложници на минатото. Потребно е да се фокусираме на иднината и она кое што следи со иднината. Да ја направиме Македонија повторно горда, но и да го направиме Балканот повторно горд. Да бидеме добри соседи, да се разбираме и да соработуваме. Тоа е она кое што го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она на кое што јас како претседател на Владата ќе бидам фокусиран во годините кои што следат.

Понатаму, би сакал да кажам дека втората порака која што ја испратив е дека помина времето на свиткани кичми, помина времето на корумпирани политичари кои што доаѓаат од Македонија и политичари кои што се подготвени од името да ја заштитат својата корупција и криминал и да направат буквално се. Да потпишат се, да го прифатат секое понижување кое ќе им биде понудено на маса само да го заштитат својот криминал. Тоа време е веќе историја и минато. Мораме да зборуваме како вистински партнери, да зборуваме како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица и ние сакаме тоа да го негуваме и само така да го гледаме.

Уште еднаш би сакал да ви посакам едно големо Македонијо ве сакаме и бидете горди бидејќи навистина даваме се од себе да го повратиме она изгубено достоинство кое што изминатите 7 години, за жал го немавме, не се само овде во Вашингтон, туку насекаде во Светот бидејќи не претставуваа политичари, кои за среќа на граѓаните се сега веќе минато.

Можете да прочитате

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Не глумете опозиција, власт сте

Случајот е затворен: Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака

Обвинение за пет лица во случајот „Грчец“