Утрински Весник
Македонија

Меѓународниот ден на лицата со попреченост одбележан во Кисела Вода

Меѓународниот ден на лицата со попреченост одбележан во Кисела Вода
300x250 (7)

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во својот кабинет се сретна со децата со попреченост од училиштето „Кузман Шапкарев“ од Драчево.
Покрај дружбата, Ѓорѓиевски потсети и на сè што е направено за нив претходната година.

dobivaj vesti na viber

„Овие мали душички, дечињата со попреченост од училиштето ‘Кузман Шапкарев’ од Драчево, денес ми беа гости во мојот кабинет.

300x250 (7)

Дојдоа со своите родители да се дружиме и да се заблагодарат што по неколку децении некој имал слух за нив, за сензорната соба што ја изградивме и која значително им го олеснува и подобрува процесот на образованието.

Јас сум почестен и, секако, секогаш среќен со ваквите дружби бидејќи овие дечиња за мене секогаш се на првото место.
Во мене имаат другар, но и поддршка и партнер!

Тоа е евидентно од сето она што е реализирано досега и поставено како план за периодот пред нас.
Нашите средби се чести и ги користиме и за дружење, но и за евидентирање на разните потреби што овие лица ги имаат.

На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, кој во својата суштина го има надминувањето на предрасудите, маргинализацијата и дискриминацијата, ќе потсетам на многуте проекти што ги реализиравме.

Поставивме пристапна рампа на влезот на Општина Кисела Вода, со што буквално ги отворивме вратите за лицата со посебни потреби, со книги напишани на Брајово писмо ја опремивме библиотеката на дечињата со оштетен вид од ДУРМДОВ „Димитар Влахов“, отворивме клуб во Расадник за деца со церебрална парализа, кој целосно го финансираме, воспоставивме соработка со младинската организација „Крик“ и со наша поддршка во просториите на УЗ „Црниче“ е отворен дневен окупационен центар за лица со попречености.

Покрај ова, им реализиравме и екскурзии, а воедно работиме на нивна целосна инклузија, вклучувајќи ги лицата со попречености во сите наши активности од културно-уметнички карактер и во сите други сфери во кои сме процениле дека би им било интересно и едукативно.

Континуитетот на обезбедување достапност, правичност и сигурност е насоката што општина Кисела Вода ја зацрта и по која ќе се движи и во годините што се пред нас.

За нив, јас сум секогаш тука за сè што е потребно!“, рече Ѓорѓиевски.

Ss1

Можете да прочитате

Димитриевски победи во Куманово, Таравари со тесна победа во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во три, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една

Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози