Утрински Весник
Спорт

Казри ја заврши репрезентативната кариера

Казри ја заврши репрезентативната кариера

Натпреварот што го одигра за Тунис против Франција на СП во Катар беше последен за Вахби Казри (31), во националниот тим. Тунис со неговиот гол ја победи Франција со 1:0, но не успеа да се пласира во осминафиналето.

dobivaj vesti na viber

„Сега е вистинскиот момент, пет Африкански купови на нации, два светски првенства… Го направив моето семејство гордо. Циклусот е завршен. Завршницата против Франција е еден од најубавите моменти во мојата кариера. Му благодарам на народот на Тунис. Имавме одлична генерација. Среќен сум што завршувам на овој начин. И посакувам се најдобро на мојата земја која живее и дише фудбал. Убеден сум дека најдоброто допрва доаѓа“, напиша Казри.

Казри е роден во Франција и одигра еден натпревар за младата репрезентација на триколорите, но во 2013 година реши да игра за Тунис.

Тој забележа 74 настапи и постигна 25 голови. На Светските првенства одигра пет натпревари, три во Русија и два во Катар. На Мундијалот постигна три гола, повеќе од кој било друг туниски репрезентативец.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами