Утрински Весник
Македонија

Меџити најави затварање на нестандардната депонија на Липково

07072024 Lipkovo 1.jpeg

Првиот заменик претседател на Влдaта, а воедно и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со вицепремиерот Арбен Фетаи, како и пратеници од регионот и општински советници, денеска најавија затворање на нестандардната депонија на Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак. Меџити во оваа прилика најави дека во рамките на ИПА2 Програмата за животна средина и климатска акција предвидени се значајни проекти за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион.

Овие проекти вклучуваат набавка на возила и контејнери, затворање на нестандардни депонии во двата региона како и изградба на регионален систем за управување со отпад.

Проектот опфаќа набавка на возила и контејнери на соодветните региони, вклучително и општина Липково, која ќе добие камион за собирање смет и 139 контејнери. Дополнително, планирано е затворање на повеќе нестандардни депонии, вклучително и депонијата во Липково (Никуштак) и пет други помали депонии во Матејче, Горна Рупа, Лојане 1, Лојане и Гору.

Во моментов проектот е во фаза на тендерирање по претходното откажување на избран изведувач. Новата проценка започна на 6 јуни 2024 година и се очекува да биде завршена до крајот на август 2024 година, кога ќе биде потпишан Договорот и ќе започне теренската работа.

Во меѓувреме, мал дел од депонијата ќе остане отворен до изградбата на регионалната депонија во Свети Николе. Во втората фаза од проектот, во рамките на ИПА 3 Програмата, депонијата ќе биде целосно затворена. По изградбата на регионалната депонија, отпадот од Липково ќе се транспортира до друг пункт во Куманово, а потоа до регионалната депонија во Свети Никола.

Во нестандардната депонија во Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак, ќе се вршат активности како преобликување на телото на депонијата, тампонирање стар отпад, изградба на пасивен систем за собирање гас и покривање на депонијата со здрава почва. Депонијата се наоѓа на стрмна падина и е далеку од секакво водно тело.

„Дејствуваме за доброто на граѓаните, за поздрав живот и почиста животна средина”, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа