Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Добредојде за премиерот на Ирска, Лео Варадкар

Leo Varadkar2

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ  денес го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија.

„Денес му посакав добредојде во Скопје на премиерот на Ирска, Лео Варадкар.“Премиерот Варадкар е во посета на Северна Македонија, која е дел од посетите на трите земји кандидати  за членство во ЕУ од регионот.

Неговата посета на Западен Балкан доаѓа во време кога продолжуваат преговорите за проширување на ЕУ.

Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и државата.

На билатералните средби со Премиерот Варадкар ќе разговараме за „локалните и регионалните“ безбедносни прашања, како и за процесите што се во тек за членство во ЕУ.

Тема на разговор ќе бидат реформите потребни за влез во ЕУ, „предизвиците на Западен Балкан“, војната во Украина и Газа се дел од темите за кои ќе се разговара и на билатералните средби, како и споделувањето на искуството и знаењето за тоа како побрзо да стасаме до Европската Унија.

 

Можете да прочитате

Турски државјанин измамил тетовец за 3000 евра

Саша Богдановиќ со нова партија, Српската демократска лига го одржува првиот изборен Конгрес

Клековски: Трансформацијата на здравството мора да се почувствува на патот на пациентот