Манчестер јунајтед е на чекор од финалето на Англискиот лига куп (Карабао куп), откако на првиот меч од полуфиналето, славеа на гости кај Нотингем форест со 3:0. Во второто полуфинале, во првиот меч вчера Њукасл на гости го совлада Саутемптон со 0:1.
Маркус Рашфорд ја продолжи својата неверојатна серија на десет гола во последните десет меча, откако уште во шестата минута успеа да ја растури цела одбрана на домаќините за соло гол во 6. минута. Нотингем сметаа дека израмнија во 23. минута преку Сем Сариџ, но нивниот гол беше поништен поради офсајд. „Ѓаволите“ не успеваа да ја искористат својата иницијатива до 45. минута, кога Вут Вегхорст го постигна својот прв гол во дресот за Јунајтед за 0:2.
Во второто полувреме, повторно „ѓаволите“ имаа теренска иницијатива, но со малку шанси за гол, пред Бруно Фернандеш во 89. минута да ги постави конечните 0:3.