Утрински Весник
Македонија

Средба на вицепремиерот Николоски со министерот за трговија Болат и министерот за транспорт Уралоглу во Истанбул

1000075947.jpg

Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу,  министеротза транспорт на Турција

Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што се одржува денеска во Истанбул. 


На средбата беа потврдени заедничките заложби на двете земји за продлабочување на економските врски, притоа се разговараше за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави.

Турција претставува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји се темел врз кој успешно се развива и економската соработка. Во духот на ова партнерство, целта е односите да ги подигнеме на уште повисоко ниво, преку нови иницијативи и зголемена економска активност, истакна вицепремиерот Николоски.

Посебен фокус на средбата беше ставен на развој на инфраструктурата и  регионалното поврзување, притоа вицепремиерот истакна дека во Македонија се реализира најобемниот инвестициски циклус во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура и ги повика сите заинтересирани турски компании да земат учество на меѓународните повици.

Голем број успешни турски компании веќе работат на македонскиот пазар и даваат значаен придонес во развојот на економијата, отворањето нови работни места и зголемувањето на конкурентноста. Токму ваквите позитивни искуства претставуваат дополнителен поттик за привлекување нови инвеститори, истакна вицепремиерот Николоски.

Говорниците се согласија дека Македонија и Турција ќе продолжат да градат силно партнерство засновано на меѓусебна доверба, пријателство и заедничка визија за економски развој и поголема регионална соработка.

Можете да прочитате

Перински од Кисела Вода: Сите општини и граѓаните кои живеат во нив се подеднакво важни

14годишник напднал и ограбил жена во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски е последниот што може да зборува за борба против корупција