Утрински Весник
Скопје

Интензивни активности на новиот спортско-рекреативен центар во Радишани

S3.jpg

Од Општина Бутел информираат дека изградбата на новиот спортско-рекреативен центар во населеното место Радишани горна зона е во завршна фаза.

Новиот спортски комплекс се протега на површина од 2000 метри квадратни и содржи ново фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште, нови трибини и столчиња, нова метална ограда и лед осветлување.


Истовремено, се изврши реконструкција и проширување на детското игралиште и се постави нова урбана опрема.

Општина Бутел се менува. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост