Утрински Весник
Спорт

Меџити: Идните шампиони растат во Чаир

Img 1050.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го прими младиот шампион Абдулазиз Азизи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во категоријата У15, оценувајќи го неговиот успех како достигнување што претставува гордост не само за спортот, туку и за целата заедница.

За време на средбата беше истакната важноста од поддршката на младите таленти и создавањето подобри услови за развој на спортот како долгорочна инвестиција во иднината на младите.


„Успесите на нашите спортисти покажуваат дека талентот постои, но шампионите се создаваат со работа, посветеност и поддршка. Секоја инвестиција во спортот е инвестиција во генерациите кои утре со гордост ќе ја претставуваат нашата држава на меѓународната сцена”, изјави Меџити.

Општина Чаир останува посветена на унапредувањето на спортската инфраструктура и создавањето нови можности за децата и младите, со цел сѐ повеќе таленти да постигнуваат успеси на национално и меѓународно ниво.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи