Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед го тргна ликот на Роналдо од „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед го тргна ликот на Роналдо од „Олд Трафорд“

Кристијано Роналдо веќе не е икона на Манчестер јунајтед. Англискиот премиерлигаш по скандалозното интервју со Пирс Морган, одлучи да го тргне ликот на Португалецот од „Олд Трафорд“.

dobivaj vesti na viber

На интернет се појави видеоснимка како работници го тргаат постерот на Роналдо од стадионот. Ова се толкува и како дефинитивна одлука на клубот да ја прекине соработката со Роналдо.

Португалската ѕвезда во првиот дел од интервјуто со Пирс Морган откри дека е изневерен од Манчестер јунајтед и посочи дека нема почит кон менаџерот Ерик тен Хаг. Следниот дел од интервјуто треба да се појави во јавноста во текот на оваа вечер.

 

Можете да прочитате

Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон

Почина репрезентативец на Јужна Африка

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана