Утрински Весник
Свет

(Видео) Нов гаф на Бајден, ги коментира мускулите на камерман – „Претседателе тој е Русин“

(Видео) Нов гаф на Бајден, ги коментира мускулите на камерман – „Претседателе тој е Русин“

Американскиот претседател Џо Бајден повторно ги насмеа новинарите, пишуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

Според нивните написи, додека Бајден се шеташе со својот француски колега Емануел Макрон за време на самитот на Г20 на Бали, се случи интересна сцена.

Бајден, како што се гледа на видеото кое кружи на социјалните мрежи, ги коментирал мускулите на камерманот.

„Има човек со големи бицепси. Се надевам дека сме на иста страна“, рече Бајден.

Меѓутоа, му било кажано дека тој всушност е Русин.

„Не ми е гајле кој е. Тој има навистина големи бицепси. Ние ги нарекуваме пиштоли“, рече Бајден.

Физичката форма на Русинот, ја одобрил и францускиот претседател Емануел Макрон, кој стои до Бајден.

Можете да прочитате

ОН: Речиси половина од анкетираните домаќинства во Газа се изјасниле дека си легнуваат гладни

17 починати и над 400 заразени од вирусот Западен Нил во Италија

Почина норвешкиот крал – 24info.mk