Утрински Весник
Спорт

Германците едвај го победија Оман, Полска славеше против Чиле

Германците едвај го победија Оман, Полска славеше против Чиле

Фудбалската репрезентација на Германија полека се загрева за СП во Катар. Германците едвај го победија Оман со 1:0 на денешниот пријателски натпревар, со голот на Никлас Фулкруг во 80. минута од дуелот.

dobivaj vesti na viber

Полска исто така со 1:0 славеше на тестот против Чиле, а стрелец на единствениот гол беше Кжиштоф Пјонтек во 85.минута.

На останатите пријателски натпревари, Турција ја победи Шкотска со 2:1, Чешка беше убедлива против Фарски Острови (5:0), а Косово и Ерменија одиграа 2:2.

Можете да прочитате

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал