Утрински Весник
Свет

Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина

Lukasenko 1.jpg

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека минатата недела телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.

Според Лукашенко мора да се завршат неколку фази за да се постигне мир.


– Но, сега најважно е да запрат борбите и загубите на животи. Пред сè, можеме да разговараме за воспоставување на воздушно примирје и прекин на огнот на линијата на контакт. Всушност, да не летаат ракети и дронови во ниту една насока. Тоа е многу важно. И за Русите, исто така. За Украина уште повеќе, наведе Лукашенко.

Тој додаде дека Русија можела да го употреби своето ново оружје – ракетниот систем „Орешник“, но не го направила тоа „бидејќи во целост е посветена на мирно решение“.

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември