Утрински Весник
Скопје

Литија со икона од Света Гора во петок во центарот на Скопје

Litija Struga 5.jpg

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од иконата на Богородица „Трирачица“, која ќе биде осветена, а потоа ќе се одржи литија низ улиците на главниот град.

Подарокот од манастирот Хиландар пристигнува во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје во 17:00 часот, а во 17:30 часот ќе има вечерна богослужба и празнична литија со иконата низ центарот на Скопје.

„Ние, како редовни гости на манастирот Хиландар на Света Гора, благодарение на нашето братско здружение Мир, хармонија и стабилност, ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме овој голем православен чин и да се молиме за здравје, љубов, среќа, мир, слога и единство, се вели во најавата за настанот.

Во сабота во 09:00 часот ќе се одржи Света литургија на Архиепископијата, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Можете да прочитате

Секоја чест за ваквите луѓе: Скопјанец пронашол изгубени пари пред банкомат во Чаир-го повикува сопственикот да си ги подигне

Пожарот во Чаир конечно изгаснат, па крадци се обидувале да се збогатат

Општина Центар и Нула Отпад во еко акција за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина