Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните 4 години, неспособната власт доцни

Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Владата на Христијан Мицкоски покажа тотална неспособност до тој степен што месец дена по усвојувањето на ребалансот уште не се објавени програмите и не се исплатени субвенциите. 

Селективните и нередовни субвенции и долгови кон земјоделците се одлика на времето на ДПМНЕ. Тие тоа го паметат. Во 2017 , а не денес, субвенциите за земјоделците се исплаќаа на два дена пред избори и се доцнеше 4, 5 па и 6 години. Пример во 2017, Владата на СДСМ исплаќаше субвенции и огромни долгови за 2012 и 2013 година.

Лага е дека ќе се исплаќаат субвенции од претходните 4 години.  Денес , со една милијарда од ребалансот нема да се исплаќаат долгови за претходни години туку субвенции по тековни барања од 2023 година. 

Агенцијата задолжена за исплата јавно нека ги објави и информира за која програма односно година се потрошени парите од овој ребаланс.

Можете да прочитате

Ристоска: Ваквата пресуда за „Талир 2“ може да доведе до легализирање на политичката корупција

Побарал над 15.000 евра, зел обележани пари и бегал – уапсен директор на Царина

Клековски: 193 нови лекови на Есенцијалната листа – за првпат контрацепција и терапија за откажување од пушење