Утрински Весник
Македонија

Левицата: Пред Уставен суд ја оспоривме националноста во изводите

Левицата: Пред Уставен суд ја оспоривме националноста во изводите

Политичката партија Левица подготви Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на измените на Упатството за водење на матична евиденција донесено од страна на Министерот за правда, на 29 мај 2023 година со кое се воведува нова графа „националност“ во изводот од матична книга на родените, венчани и умрени.

dobivaj vesti na viber

„Покрај барањето за комплетно поништување на измените на Упатството, Левица побара и изрекување времена мерка односно донесување на привремено решение за запирање на извршувањето на акти или дејствија преземени врз основа на оспорениот подзаконски акт поради кој во пракса би можеле да настанат тешко отстранливи и штетни последици.

Со воведувањето на националност како графа во изводот, се постапува спротивно на темелните вредност на Уставот, на одредбите од Законот за заштита на лични податоци и Законот за матична евиденција“, се наведува во соопштението од оваа партија.

Дополнително, како што појаснуваат, ова упатство значи отворена врата за автоасимилирање на две нивоа: прво – постои опасност помалите етнички заедници постепено да се претопат во двете актуелно доминантни; и второ – постои реална опасност, македонското население да се „бугаризира“ за само 250 денари колку што чини таксата за вадење извод, односно декларирањето Бугарин во матично да биде основ за полесно вадење бугарски пасоши.

Потенцираат дека личното чуство на граѓанинот не може да се докажува со јавна исправа т.е со документ издаден од државен орган.
Не постои никаква гаранција дека оспорените измени на Упатството ќе ја подобрат меѓуетничката кохезија во едно мултиконфесионално и мултиетничко општество какво што е нашето.

Левица како политичка партија е единствен коректив на оваа Влада која секојдневно настојува преку секакви акти, постапки и процедури да го поттикне процесот на демакедонизација на Македонците, додаваат од оваа партија.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!