Утрински Весник
Македонија

32.000 денари за одобрување елаборат што не ги исполнувал условите – ОЈО бара притвор за вработен во ДЗС

Whatsapp image 2025 04 01 at 15.22.56.jpeg

Основното јавно обвинителство Скопје побара притвор за вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), осомничен дека побарал и примил 32.000 денари за да даде согласност за елаборат што не ги исполнувал условите за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Обвинителството отвори истрага за кривичното дело примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот работел во Одделението за издавање урбанистички согласности. Според ОЈО, во рамки на своите овластувања давал мислења и издавал согласности за просторни и урбанистички планови и проекти, како и за елаборати од областа на заштитата и спасувањето. Обвинителството се сомнева дека тој директно ги побарал и ги примил парите за да одобри елаборат што не ги исполнувал пропишаните услови за градба во делот на заштитата од пожари, експлозии и опасни материи.


Јавниот обвинител го доставил предлогот за притвор до судија на претходна постапка, наведувајќи опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоци.

За случајот претходно информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Тој рече дека пред неколку дена му се обратил граѓанин кој се пожалил дека советник за урбанистичко планирање му побарал 500 евра за позитивно мислење потребно за изградба на објект. Ангелов го упатил граѓанинот да го пријави случајот во МВР, а по приведувањето на вработениот ја поздрави акцијата на полицијата и Обвинителството.

Можете да прочитате

МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување

На бебе старо два дена му пресекле дел од палецот при вадење инфузија на ГАК

17 дена пред „АЛТА банка“ Белград да ја загуби дозволата, Владата предложила измени за користење на парите за обештетување на штедачите