Утрински Весник
Македонија

Левица: Конзулатот во Њу Џерси работи само 4 часа неделно, уште една навреда за македонската дијаспора

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Срамно и понижувачко е постоењето на Конзулатот на Република Македонија во Риџфилд Парк, Њу Џерси, кој работи само четири часа неделно – два часа во вторник и два во четврток, и тоа е жив доказ за институционалното запоставување на македонската дијаспора.


Нашиот народ кој живее, работи и придонесува во САД е принуден да се соочува со крајно минорни и ограничени услуги, затворени врати и администрација која не одговара ниту на телефон. Тоа е директно понижување за граѓаните чии даноци и вложувања се игнорираат од страна на една сервилна и неефикасна дипломатија. Ниту една друга држава во светот, како што сами велат граѓаните, ни приближно не покажува ваква рамнодушност и игнорирање на сопствените сограѓани.

Овој однос на Македонско конзуларно претставништво во светот не е единствен. Честопати се регистрира и во други држави, и не мал бројот на наши сограѓани  очајуваат поради нефункционални веб сајтови, неодговарање на телефон во работно време и патувања на празно зашто работното време е или недоволно или неправилно означено.

Ги повикуваме надлежните од Министерството за надворешни работи да објаснат зошто оваа институција во Њу Џерси практично не функционира, и да преземат итни мерки за проширување на работното време, вработување на соодветен кадар и воспоставување ефикасна комуникација со македонските државјани. Исто така, секојдневно да ги ажурираат податоците на конзуларните сајтови и во сите останати држави во однос на податоците што се од корист на нашите сограѓани во странство.

Да не се заборава дека Македонската дијаспора е жив организам кој со децении ја поддржува татковината и има право на достапни и ефикасни конзуларни услуги.

Можете да прочитате

Таравари: Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада

Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите