Утрински Весник
Спорт

Лејкерси во драма ја прекинаа серијата од 11 победи на Мемфис, Дончиќ пак ги „крена“ Маверикс

Лејкерси во драма ја прекинаа серијата од 11 победи на Мемфис, Дончиќ пак ги „крена“ Маверикс

Лос Анџелес лејкерс покажаа дека се подготвени за борба, враќајќи се од двоцифрена негатива во послената четвртина за да стигнат до 122:121 победа над Мемфис гризлис, прекинувајќи ја нивната серија од 11 победи.

dobivaj vesti na viber

Откако цела последната четвртина се бореа за враќање во игра, Денис Шредер украде клучна топка од Дезмонд Бејн за со положување да ја осигура победата. По неколку промашувања на слободни фрлања, Лејкерси комплетираа неверојатна победа.

Леброн Џејмс заврши со 23 поени, но само 8-од-21 обиди од поле, Шрудер додаде 19 поени, а Расел Вестбрук со 29 поени даде клучна поддршка од клупа. Лејкерси имаат 21-25 скор, само еден меч зад Портланд и Финикс во борба за 11. носителско место на Западот.

Лука Дончиќ повторно беше клучниот човек на Далас маверикс, предводејќи ги до 115:90 победа над Мајами хит, откко стигна до 20-ти дабл-дабл со најмалку 30 поени оваа сезона. Словенецот го заврши мечот со 34 поени (од кои 5 тројки), а додаде и 12 скока.

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања