Утрински Весник
Македонија

Лауреат на 11.ИФФ Киненова е добитникот на Сребрената мечка -награда на Големото жири во Берлин, Емин Алпер

Image 2026 09 05 133446965.png

Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во неколку 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен во нашата земја фестивалски формат, КИНЕНОВА ги надминува границите што означуваат територии и континенти, и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи неуморно по новиот: Фелини, Бергман, Кишловски, Тарковски, Трифо, Антониони, Линч, Вендерс, Ценевски…., бидејќи во Македонија постои филмска публика која е многу поинаква од онаа која е исклучива за трендовските и веќе познати наслови и стории, што повеќето од фестивалите го нудат.

Секој со своето, затоа и годинава почесен гостин и лауреат на Киненова 2026, ќе биде филмскиот уметник од Туркије, смелиот и бунтовен маг на психолошката драма, Емин Алпер, кој годинава со својот најнов филм “Спасение” (Kurtuluş) во Берлин ја понесе Наградата на големото жири, Сребрената мечка.

Во „прегратките” на филмовите на Емин Алпер, секој се чувствува „беспомошно”, им се препушта како на свој близок. Во неговите стории, стамено и режисерски скроени, помеѓу минатото и сегашноста, помеѓу руралното и урбаното, традиционалното и актуелното, цврсто ги поставува своите ликови и ги води во очекуван конфликт во најнепредвидливите моменти од ткаењето на приказната, неодминливо потсетувајќи на сите видливи и скриени контрадикторности кои ги нуди модерна Туркије.

Неговите ликови се многу обични на првата средба на гледачот со нив, но со својата тивка и ненаметлива природа, Емин Алпер со еден мајсторски мигновен сценаристички „скок” ја ,менува и би рекле ја трансформира нашата визуелна перцепција и ние веќе ги прифаќаме како херои или антихерои, како оган или вода, како земја или воздух. Така тие ликови, нивните дилеми, нивните навидум необјасниви одлуки поставени во одредени околности и во филмски пејзаж, што Алпер одлично го владее, не освојуваат.

Од неговиот прв независен краток филм Писмо во 2005 и по 20 години тој не престанува да потсетува на оние другите, невидливите, заборавените и замолчените во својата земја. Користејќи го често режисерскиот концепт на филмовите од Црниот бран, тој осаменоста ја претвора во предност, неугледноста во доблест, презирот во наследство.

Со своите филмови Зад ридот (2012) Френзи (2015), Пеколни денови(2019) Приказната на трите сестри (2022) беше наградуван и славен на голем број меѓународни филмски фестивали. Почестени сме што овој почитуван од публиката, критиката и од своите колеги, филмски автор, ќе биде наш лауреат.   

Можете да прочитате

Дупката во Фондот не се ,,крши”

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа