Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Во вториот мандат, заедно со сите проевропски, прогресивни политички сили ќе ја внесеме татковината во ЕУ

Interv U Lokalno.jpeg

По победата на изборите на 8 ми мај јас повторно ќе бидам премиер, во мојот втор мандат, заедно со сите проевропски, прогресивни политички сили ќе ја внесеме татковината во ЕУ, вели во интервју за „Локално” претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. 

-Граѓаните сакаат Северна Македонија да продолжи со демократски и економски развој, и затоа верувам дека ќе дадат поддршка за стабилен и постојан економски раст, нови инвестиции, квалитетни работни места, правна, социјална, здравствена, образовна сигурност, наведува Ковачевски. 

Евроатлантската ориентација на нашата држава донесе највисоко ниво на странски директни инвестиции од 754 милиони евра, затоа што инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања, додава тој.

Во интервјуто за „Локално” претседателот Ковачевски ја наведува евидентната разлика и подобриот резултат на политиките на СДСМ со споредба со владите на ДПМНЕ во делот на економијата, инвестициите и зголемувањето на платите.

-Имаме, речиси двојно повеќе странски директни инвестиции од 2016 година, кога изнесуваа 338 милиони евра. До 2017 година пак – имаше нула поддржани домашни компании од државата. Во овие 6 години, со 100 милиони евра државни пари, поддржавме 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси, со реализирани 500 милиони евра инвестиции. А финансиската поддршка од државата значи многу за компаниите, затоа што го зголемува бројот на работни места и ја подобрува материјалната состојба на компаниите. И со тоа овозможивме и достоинствени плати на вработените, рекордна просечна плата од околу 630 евра – значи над ветените 500 евра на граѓаните, рекордна минимална плата од над 22.500 денари, колку што ќе е со следното усогласување, историско ниво на пензии – просечната пензија е околу 20.000 денари, минималната е 13.000 денари. Платите во ТИРЗ зоните веќе се над 1.000 евра. А државниот Буџет беше во кондиција да овозможи, најголема во регионот, помош на најранливите категории граѓани, најпогодени од глобалната економско-енергетска криза, вели Ковачевски. 

Сето ова се постигна во време на Влада која ја предводи СДСМ, преку правилни политики и јасна европска ориентација, додава претседателот на СДСМ.

-Поддршката од ЕУ ќе продолжи, со многу повеќе средства, преку нови програми и фондови, кога ќе станеме членка на Европската Унија. Тоа го покажуваат примерите со развојот на Романија, Чешка, Словачка, Полска. Во однос на странските директни инвестиции, тие во просек се зголемиле за 28% – и тоа во првите 5 години од членството во Унијата. Анализите покажуваат дека една земја членка на ЕУ, од фондовите на Унијата, добива 11 пати повеќе средства по жител, отколку земјите кандидатки за членство. Овие пари значат инвестиции во животниот стандард, во нови работни места, во подобро живеење на граѓаните и примена на европските вредности дома. Тоа што го очекуваат посебно младите луѓе во нашата земја. Шансата за членство во ЕУ до 2030 година е уникатна и овој пат нема да дозволиме да се пропушти, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Локално”.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница