Утрински Весник
Македонија

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Screenshot 20261028 175250 messenger 1.jpg

Обвинителката Искра Хаџи Василева освоила најмногу гласови на денешните избори за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, според првичните неофицијални информации. Таа има мала предност пред Трајче Пеливанов, а официјалните резултати допрва треба да бидат објавени.

Право на глас имаа 187 јавни обвинители, кои преку непосредно и тајно гласање избираа меѓу петмина кандидати. Покрај Хаџи Василева и Пеливанов, во трката учествуваа Фатон Азизи, Лидија Раичевиќ и Јован Цветановски.


Гласањето траеше од 8 до 16 часот, а постапката ја спроведува комисија формирана од Советот на јавните обвинители. Изборот се одржува поради истекувањето на мандатот на досегашниот раководител Ислам Абази, кој не се кандидираше повторно.

Хаџи Василева веќе работи како обвинителка во ОЈО ГОКК. При претставувањето на својата програма ги издвои поефикасното постапување, финансиските истраги и конфискацијата на имот како клучни приоритети.

Таа се заложи и за максимално искористување на истражниот центар, кадровско зајакнување и дигитализација на Обвинителството, како и за поголема транспарентност за враќање на јавната доверба во институцијата.

Можете да прочитате

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје

Двајца мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром

Пекевски: На Вучиќ му пресудија 14 години власт, трагедијата во Нови Сад и незадоволството на младите