Утрински Весник
Бизнис

Ковачевски: Со мерката „гарантирана цена“ овозможуваме поевтини производи од 10 до 40 отсто за заштита на стандардот на граѓаните

Ковачевски: Со мерката „гарантирана цена“ овозможуваме поевтини производи од 10 до 40 отсто за заштита на стандардот на граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски денеска ја посетија компанијата „Алма М“.Ковачевски, Бектеши и Трајковски, со менаџментот на компанијата разговараа за новите владини одлуки за намалување на цените на над 50 призводи.

dobivaj vesti na viber

„Како Влада овозможуваме услови за подобра бизнис клима, за поголема ликвидност на компаниите и конкурентен пазар, како и за подобри услови за работа во државата. Со новата мерка на Владата, на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, цената ја намаливме за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август. Со оваа одлука и мерка кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10%, а кај некои намалувањето е од 30% до 40%. Во маркетите веќе овие производи добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани“, рече Ковачевски.

Апелира да се почитува мерката.

„Единствено со високо ниво на социјален дијалог за приоритетни теми, ќе одговориме соодветно на намалување на инфлацијата и до крајот на годината се стремиме таа да не биде повисока од 5%, во делот на основните производи кои граѓаните ги користат. Зошто го велам ова? Зголемувањето на платите од јули оваа година, го надминува зголемувањето на инфлацијата, но со сите овие мерки кои ги правиме, со зголемување на минималната плата за најмалку 10% веќе од почетокот на наредната година, генерално инфлацијата ќе биде на ниво од 8%, а платите ќе пораснат за процент поголем од нивото на инфлацијата. И оваа есен и зима ќе продолжиме во оваа насока, не се откажуваме од зголемување на платите, не се откажуваме од инвестициите во енергетиката и во инфраструктурата“, рече Ковачевски.

Увери дека нема да има никаков ценовен шок за граѓаните во делот на снабдувањето со електричната енергија.

„Веќе правиме напори да се обезбеди сè што е потребно и за непречено снабдување со топлинска енергија за градот Скопје со оглед на хаваријата што се случи на мостот „Беласица“ во текот на минатите месеци и на која во моментов се работи. Сè додека јас сум премиер како Влада нема да престанеме да работиме на подобрување на егзистенцијалното прашање на граѓаните во Северна Македонија, како и на економскиот раст на државата“, порача Ковачевски.

Можете да прочитате

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

ФЕЦ Новаци е далеку од најголема фотоволтаична електрана во регионот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Битиќи – Дуџак: Она што нема да го направиме денес, ќе не чини многу поскапо утре