Утрински Весник
Спорт

Црвена звезда бара друг судија, навивачите на Партизан ќе го бојкотираат дербито

Црвена звезда бара друг судија, навивачите на Партизан ќе го бојкотираат дербито

Партизан и Црвена звезда, во среда треба да го одиграат 171. дерби.

dobivaj vesti na viber

Фудбалскиот клуб Црвена звезда најави дека играчите нема да се појават на стадионот во „Хумска“, доколку Судиската комисија не одреди друг судија. За главен судија на дербиот е делегиран најдобриот српски судија, Срѓан Јовановиќ.

Од Црвена звезда сметаат дека Јовановиќ жестоко ги оштетил пред четири години (22.септември 2019) кога им поништил чист гол во дербито. Чудна одлука на црвено-брлите да бараат изземање на овој судија, бидејќи тој го судеше последното дерби, во април на „Маракана“ натпреварот заврши 0:0.

Инаку, дербито ќе го пропуштат „Гробарите“. Навивачите на партизан го бојкотираат клубот, не задоволни се од работата на клупските челници. Ќе ги бојкотираат натпреварите на Партизан се додека актуелните ченици не си поднесат оставки.

Foto/Starsport/B92

Можете да прочитате

Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонската трка на ЕП

Ѓуретановиќ имаше добар старт, но не успеа исплива до својот најдобар резултат

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи во последните неколку години