Утрински Весник
Економија

Засилени контроли за „Black Friday“, ДПИ ќе проверува дали трговците лажно ги прикажуваат попустите

Soping.webp.webp

Државниот пазарен инспекторат спроведува засилени контроли кај трговците во пресрет и за време на акциите по повод „Black Friday“, со цел да се утврди дали попустите и промотивните понуди се реализираат согласно законските прописи.

Инспекциските надзори се насочени кон заштита на правата на потрошувачите, транспарентноста на цените и спречување на евентуални неправилности во трговијата.


Ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности да ги пријават на телефонскиот број 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk.

ДПИ останува посветен на обезбедување фер, законски и одговорни трговски практики.

Можете да прочитате

Николоски: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

Студентите ќе добијат најмалку 20% попусти преку апликацијата „М-услуги“

Во декември нов повик од ИПАРД III за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси