Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Како човек кој добро ги познава финансиите ви велам дека наредната година ќе биде подобро

Ковачевски: Како човек кој добро ги познава финансиите ви велам дека наредната година ќе биде подобро
Ss2

Уште од наредната година ќе биде далеку подобро и заедно ќе успееме во тоа, рече премиерот и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибина „Силно и одлуично кон иднината“ во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

„Како човек кој 22 години работи менаџмент, кој добро ги познава финансиите и економијата, ви велам дека наредната година ќе биде подобро и заедно ќе успееме во тоа. Заедно ќе ја победиме и кризата наметнатата од глобалните последици поради воената агресија врз Украина“, рече Ковачевски.

Ss1

Резултатите од антиктизните мерки се веќе видливи, потенцираше Ковачевски.

„Ја спасивме економијата со два огромни пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми според БДП во регионот, потврдено и од ММФ и од Светска банка. Одговорното менаџираме на народните пари, и во време на толку голема криза, успеавме да обезбедиме и зголемување на платите, на пензиите и силно да ги поддржиме рабливите граѓани и компаниите. Реков дека никој нема да биде оставен сам и никој не е оставен сам. Ви велам дека наредната година ќе биде подобра и ќе биде подобра за сите“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина во Гостивар.

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

Ограбиле казино на патот Тетово-Јажинце, па полицијата ги уапси по неколку часа