Утрински Весник
Свет

Најмалку 20 загинати во руски напади врз Украина, 14 жртви на железничката станица во Днипро

Kiev napad.jpg

Најмалку 20 луѓе загинаа во руски напади со дронови и ракети врз украински градови во четвртокот, според украинските власти. Најтешко беше погодена железничката станица во Днипро, каде што загинаа 14 лица.

Дронот удрил во прометен перон додека на станицата имало патнички возови. Меѓу повредените има и 11-годишно момче, а шестмина биле во тешка состојба. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара сојузниците да го засилат притисокот врз Москва и да не ги ублажуваат санкциите.


Во Чернихив загинаа две тинејџерки, а 23 лица, меѓу кои четири деца, беа повредени во напад врз прометна улица. Во Кременчук, ударите врз станбени објекти однесоа три животи, а 32 лица беа повредени.

Уште едно лице загина во Киев, во нападите што започнаа во четвртокот вечерта. Оштетени се станбени згради, продавница, автомобили и други објекти, а на повеќе локации избувнаа пожари.

Нападите продолжија додека во дел од Херсонската област важи локално примирје за доставување хуманитарна помош и евакуација на жители од Олешки. Тоа примирје е ограничено на конкретното подрачје и не ги опфаќа останатите украински градови

Можете да прочитате

70.000 полицајци и жандарми ќе бидат ангажирани на утрешните протести низ Франција

Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си

Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си