Утрински Весник
Македонија

Клиниката за трауматологија за прв пат доби систем за навигација при лекување болести на ’рбетен столб

Image 230518.jpg

За прв пат во Македонија е донесен систем за навигација на клиниката за Трауматологија при ТОАРИЛУЦ. Овој систем за навигација е за оперативно лекување на болести на ’рбетен столб. Системот дава сигурност при операција и нула грешка при оперативното лекување фиксација.

Од Клиниката велат дека покрај тоа што се поедноставува лекувањето и се поништува грешката, исто така со овој систем конкурираме на светските центри за лекување на болести на ’рбетен столб.


„Системот е демо и ќе остане извесно време на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ. Тоа значи дека прво ќе го користиме Системот за навигација ќе ги видиме сите негови предности. Голема благодарност до Владата на Република Македонија за помошта и одобрението внес на ваква демо роботика за лекување на ’рбетен столб, додаваат од Клиниката.

Посочуваат дека со ваков систем влегуваме во мапата на светските центри за лекување на болестите на ’рбетниот столб.

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија не заслужува да биде држава ако немаме правда за Кочани

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ – прва пратка предадена во Кочани

Сиљановска-Давкова од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ