Утрински Весник
Македонија

Каевски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, опозицијата да гласа за уставни измени

Каевски:  СДСМ ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за уставните измени
Ss2

Сите општествени и политички чинители во земјава треба да покажат одговорнот пред иднината на земјата и сите наши граѓани. Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, граѓаните сакаат да бидат дел и заслужуваат да бидат дел од Унијата, рече на денешната прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

– Силната поддршка од САД за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега. Време е за глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата. Затоа што немаме време за губење и затоа што не знаеме дали и кога ќе ја добиеме повторно. Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ.
Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура – рече Каевски.

300x250 (7)

Тој додаде дека доколку се пропушти овој политички момент и оваа силна поддршка од Европа и САД сега, ризикот е да се вратиме назад, да бидеме сами, надвор од процесите, додека другите земји од регионот напредуваат кон ЕУ што, како што рече, „е многу опасно за нашата земја, за нејзината иднина“.

– Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности. Оттука, одговорност на сите 120 пратеници е да се вклучат во процесот на реформите важни за европската иднина, за глас за Европа во македонското Собрание. Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата – рече Каевски.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Масовна излезност е одговор на евентуален бојкот за вториот круг од претседателските избори

Нема да се прегласува на трите избирачки места во Куманово каде гласањето беше прекинато

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција, Ганиу му врати дека терапијата од Таравари ќе ја прими на 8 мај